Air Bansko
Interreg
EU This project is co-financed by the European Union through
Interreg - IPA Cross-Border Programme "Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia"
Project “Affirmation of the natural and cultural values in the border region for better visibility and access” Ref. No CB006.1.21.183

Основни цели на проектот

1. Создавање на активна соработка меѓу Агенција за економски развој Банско и општина Гевгелија, подобрувајќи го економскиот развој во пограничната област, преку подобра заштита и одржливо искористување на богатото природно и културно наследство

2. Остварување на ефективна прекугранична соработка во областа на извршувањето на заеднички дејности

3. Стимулирање на туристичкиот проток меѓу двете страни на регионот, преку брзи и достапни средства за интернет комуникација

Специфични цели

1. Создавање на услови за економски раст преку создавање на нови работни места и зближување на сите групи од населението за бизнис соработка, размена на искуства и заеднички дејности во областа на туризмот, културата и екологијата;

2. Создавање на ефективен технички модел за соработка меѓу институциите од двете проектни страни, создавајќи нови заеднички производи и услуги, одговарајќи на реалните потреби на населението;

3. Подобрување на квалитетот на живот во двата региони и создавање на нова туристичка дестинација преку изградба на туристички објект „Динќут“ – место за спорт, рекреација и забава;

4. Реализирање на работен модел за заеднички дејности во рамките на заедничката примена на проектот, заедничкиот развој, заеднички екипи и заедничко финансирање

5. Размена на искуства, добри практики и информации преку континуиран комуникациски процес и основање на мрежни инструменти, средби, конференции и настани, насочени кон културна и туристичка размена

6. Создавање на работен модел на одржлив процес за соработка помеѓу двете страни на проектот